Светски познатиот милионер од Италија, Џанлука Ваки, на саемот во Белград ја прими втората доза на вакцина против коронавирусот. Во разговор со новинарите, Ваки открил дека има српско потекло, бидејќи неговиот дедо по татко е од Србија, додека дедото по мајка по потекло е од Аргентина.

Ваки за српките медиуми изјавил дека во Белград постои фантастична организација кога станува збор за вакцинација против коронавирусот и ги повика сите да се вакцинираат што е можно побрзо.

„Ние мора да го сториме тоа, луѓето треба да се вакцинираат за да го победат коронавирусот“, апелираше Ваки, кој на на Белградскиот саем ја прими втората доза на вакцината „Фајзер“.

Тој изрази задоволство од доаѓањето во Белград бидејќи, како што изјави, тоа е град што му е драг и каде што луѓето срдечно го пречекуваат секогаш кога ќе дојде.

Тој беше во Белград пред две години кога настапи како диџеј, за што сподели дека било фантастично искуство и дека си поминале многу убаво, со желба истото да се повтори кога условите ќе бидат безбедни.

ВИДЕО: Италијанскиот милионер Џанлука Ваки пристигна во Србија за ревакцинација