Андријана Будимир која јавноста ја памети по бројните спортски успеси, но и како најголемата љубов на покојниот Тоше Проевски денес живее поинаков живот.

Ракометарката која испишуваше историја на спортските терени, денеска покрај своите професионални ангажмани, таа е посветена мајка за која секој ден е нова битка. Будимир е родител на дете со попреченост, па неодамна беше дел од дискусија за вклученоста на децата со попреченост во образованието, поточно физичкото образование.

Еден пример, кога сите имаат роденден, веќе родителите знаат дека син ми е на специјална исхрана и не смее да јаде чоколадо, глутен… Кога некој има роденден, носат крем бананчиња за сите деца и за мојот син банана, за да знае дека и он е дел од роденденот“, вели Будмиир во разговор со „Општина Карпош“.

Кога доаѓаат часовите по физичко образование, едноставно е тргнат на страна, затоа што професорот по физичко не може да манипулира со 35 деца и посебно со него“, вели Андријана,
посочувајќи дека треба да се воведе уште еден професор по Физичко, кој ќе биде задолжен само за деца со попреченост.

Значи тие деца да бидат комплетно инволвирани во наставниот систем по Физичко образование“, посочува таа, потенцирајќи дека со физичка активност ќе им се помогне на тие деца да зборуваат и да се чувствуваат инволвирани.