Иако минатата година имаше мозочен удар 102 годишната Руке Дервишај која е родена во Прилеп во март 1918 година оздраве од коронавирусот без лекови.
Старицата овој четврток официјално го заврши 14-дневниот период на изолација откако се покажа дека е позитивна на ковид-19.
Уште поинтересно е што Руке поминала многу полесно од другите членови на нејзиното семејство со кои живее во косовското село Исниќи. Тие, иако се многу помлади имале потешки последици. За тоа сведочат и самите во видеото на Клан Косово.
Старицата вели дека животните предизвици и здравата исхрана ја зацврстиле пред болеста.
„Го поминав како тешка болест. Постојано се чувствував изморено и се проѕевав како да ми се спие. Немав ништо друго“, рече таа.
„Цело време сум на патот на Бога. Јас сум сочувствителна и кон себе и кон другите. Јас не сум била непријател на никого. Господ ми ја подаде раката и воопшто не се плашам. Кога Бог ќе рече дека ќе умрам ќе се случи тоа дури и ако ме држат на дланка“, изјави меѓу другото Руке Дервишај.