„Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст. 6 месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани“, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„6 месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат.

Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%.

Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците дел од поранешната власт.

Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон.

Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори“, изјави Петрушевски.