По неколкумесечна врска со Луис Хамилтон, Ким Кардашијан проговори за тоа колку е среќна и исполнета откако го запознала.
Луис Хамилтон – новото момче на познатата реалити ѕвезда и претприемачка Ким Кардашијан – сè почесто се спомнува во реалити шоуто „Кардашијанови“ (The Ka dashia s). Во новата епизода Ким неколку пати индиректно алудираше на возачот од Формула 1, со кого е во врска од февруари.
Двојката ја потврди својата врска на Инстаграм во април, а претходно овој месец, Ким ја покажа својата поддршка присуствувајќи на Големата награда на Сингапур. Во разговор со продуцентите на шоуто, таа откри дека е „многу, многу среќна“.
„Интересно е што сум 44 отсто Британка – ако ме разбирате што сакам да кажам“, рече Ким, ставајќи посебен акцент на бројот. „Можеби не ја сфативте поврзаноста.“
Нејзината колешка, Ники Глајзер, потоа почна да составува своја листа. Додека излегуваа од гардеробата и се упатуваа кон сетот, Ким ѝ шепна на Ники дека постои некој што „ги исполнува апсолутно сите ставки од нејзината листа“. Името на таа личност е отсечено од снимката. Кон крајот на епизодата, Ким откри малку повеќе за својот љубовен живот. Во разговор со продуцентите, таа призна дека е „многу, многу среќна“, но веднаш додаде: „Тоа е сè што ќе кажам засега“.
„Да речеме само дека секоја поединечна точка од мојот список е исполнета“, продолжи таа.
„Зарем не е неверојатно? Секоја поединечна. Сите педесет и пет. Чувството е неверојатно кога, еден ден, ќе го погледнеш тој список и ќе сфатиш: ’Да! Да! Да!‘ Навистина е неверојатно.“
















