
Баерн Минхен го има еден од најлошите почетоци на нова сезона во поновата историја на клубот. Германскиот состав во последните четири натпревари во Бундеслигата не знае за победа, а „шлаг на тортата“ беше минималниот пораз од Аусбург.
По него во медиумите се појавија гласини за можна смена на тренерот Јулијан Нагелсман, но и покрај тоа што спортскиот директор Оливер Кан застана на страна на младиот тренер, играчите не можат да најдат заеднички јазик со него, пренесува доброупатниот медиум Спорт 1.
