реклама

Турскиот актер Озџан Дениз (50) се ожени со модниот дизајнер Самар Дагдар (27), 23 години помлад од него. Врската ја започнаа на почетокот на 2021 година, а се венчаа на крајот на јануари. Тие моментално уживаат на меден месец во Дубаи.

Самар е 27-годишен моден дизајнер од Иран. Дениз е турски актер, кој многумина го паметат по улогата на Фарук во серијата „Истанбулската невеста“.

реклама

Неговиот последен брак траеше нешто повеќе од една година

Актерот е познат по турбулентниот живот. Во 2018 година тајно се ожени со Фејза Денис со која доби дете. Тие се разведоа една година подоцна и имаа долга битка за старателството над нивниот син Кузеј.

реклама

“Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Десет дена немам слушнато со него. Денеска му е роденден, ниту можам да го видам, ниту да чујам. Барам од судот доделете ми апсолутно старателство над него.Тоа ми го уништува животот, не можам повеќе да го правам ова“, му рекол актерот на обвинителот, пренесуваат турските медиуми.

На крајот, судот и доделил старателство на мајката, но бројот на денови што актерот можел да ги помине со својот син бил зголемен.

реклама