Лили Колинс гостуваше во подкастот We Can Do Hard Things и зборуваше за нејзината врска со поранешното момче кое наводно ја омаловажувало.
„За мене, токсичната романтична врска беше вербална и емоционална злоупотреба“, откри 33-годишната ѕвезда на „Емили во Париз“.
„Ќе ме викаше „Мала Лили“ и ќе употребеше ужасни зборови за мене во однос на тоа што го носам, ќе ме нарече ку*ва. Тоа беа ужасни и омаловажувачки зборови. Станав тивка, почнав да се чувствувам удобно во тишината“, вели актерката која додава дека поради тоа почнала да се чувствува немирно.
„Сега имам прекрасен сопруг, но минатото може да се врати“
Актерката денес е среќно мажена за Чарли Мекдауел, но тврди дека се уште се справува со трауми.
„Ситуацијата е поинаква од пред 10 години. Иако денес имам здрава врска, мора да има момент што ќе се случи во текот на денот кога ќе се врати минатото. Тоа е како милисекунда или помалку од милисекунда“, опиша таа и продолжи:
“Цревата реагираат, срцето почнува да чука и наеднаш се враќаш во моментот кога ти рекол нешто пред 10 години. Но, веќе не си таму. Тоа е страшно тешко. Сега во мојот живот го имам мојот прекрасен сопруг кој ме поддржува , комуницираме и разговараме за сè“, призна актерка.
Иако таа не го откри идентитетот на своето поранешно момче, таа претходно беше поврзувана со голем број актери меѓу кои Тејлор Лотнер, Зак Ефрон, Крис Еванс и Ник Џонас.