Комплетирано е првото коло во Лигата на шампионите за ракометари, а во дербито актуелниот европски првак Барселона го победи Фленсбург.

Барселона брилијантно ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. На тежок меч на гости, на секогаш непријатниот Фленсбург, шпанскиот тим славеше со резултат 25:21.

Барселона до победата ја предводеа Дика Мем со седум, и Мелвин Ричардсон со шест гола, додека Хампус Ване и Арон Ханс Менсинг со по шест гола беа најефикасни кај Фленсбург.

Динамо беше подобар од Кјелце во Букурешт (32:29), додека Мотор на домашен терен го совлада Порто (30:27), а во Унгарија Веспрем го победи ПСЖ (34:31).

Ден претходно Елверум и Вардар ги поделија бодовите (27:27), исто како и Монпелје и Сегед (29:29), додека Кил и Алборг забележаа победи на гости. Германскиот тим славеше на гости кај Мешков (33:30), додека Данците го победија Загреб (34:24).