Никој не знае која била таа, но во секој случај била поинаква: Тинејџерка од пред повеќе од 50.000 години, со чудна уникатност, изгледа како „хибриден“ предок на современите.

Advertisements

Како што објаснуваат истражувачите, постојат докази и дека таа не била сама. Во студијата од 2019 година, која ја анализира заплетканата праисторија на човештвото, научниците користеа вештачка интелигенција (АИ) за да идентификуваат непознат вид човечки предок со кој пред неколку милениуми се сретнал современиот човек.

„Пред околу 80.000 години се случило таканареченото „раселување од Африка“, кога дел од човечката популација, која веќе се состоела од современи луѓе, го напуштила африканскиот континент и мигрирала на други континенти, предизвикувајќи ги сите сегашни популации“, објаснува еволуционерот и биолог, Жом Бертрамп, од  Универзитетот „Помпеу Фабра“, Шпанија.

Како што современите луѓе навлегувале на копното на Евроазија, тие се вкрстувале и со други видови древни и исчезнати хоминиди.

До неодамна се сметаше дека нивни сексуални партнери биле Неандерталци и Денисовци. Последниве непознати до 2010 година.

Но, во оваа студија изолирана е ДНК и од трета единка.

Користејќи ја статистичката техника наречена Баезијанска инференција, истражувачите пронајдоа докази за она што тие го нарекуваат „трета интрогресија“ – архаична популација „дух“, со која современите луѓе се вкрстувале за време на африканскиот егзодус.

„Оваа популација е или поврзана со Неандерталско-Денисовата линија или рано се оддалечила од Денисовците“, напишаа истражувачите во нивниот труд, што значи дека е можно оваа трета популација во сексуалната историја на човештвото да е можеби мешавина од неандерталци и Денисовци.

Во извесна смисла, скелетот на тинејџерката идентификувана во 2018 година би можело да е тој „хибриден фосил“.

Секако, истражувачите нагласуваат дека треба да се направат уште многу истражувања, но примената на вештачката интелигенција за ваков вид анализа е дефинитивно нова техника во антропологијата.

Извор: Science Alert