Испитувањата што ги има направено компанијата „Фајзер“, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, одат во насока дека најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите не се официјализирани. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека болниците се оптоварени со невакцинирани лица, повторно апелирајќи за вакцинација, што во моментов претставува единствен спас за излез од пандемијата.

Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени си со невакцинирани пациенти – нагласи вчера министерот за здравство.

Тој истакна дека не можат да претпостават како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата во светот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.