Американската музичарка Кортни Лав (56) и вдовицата на Курт Кобејн (1967-1994) на својот Инстаграм профил објави видео снимка чиј опис изненади многу нејзини следбеници.

Имено, пејачката напиша дека веќе некое време има проблем со хроничните болки и дека поради тоа и погрешните дијагнози на докторите за малку ќе умрела.

Таа откри дека докторите ја стигматизирале поради тоа што била зависничка во младоста, а потоа открила дека боледува од Кронова болест. Кроновата болест е воспаление на органите за варење, а ги погаѓа и децата и возрасните. Иако е долготрајна и хронична болест, лекувањето може да се одржува под контрола.

„Луѓе бев тажна и многу болна, буквално неподвижна и имав ужасни болки. Имав само 43 килограми и за малку ќе умрев во болница поради анемија. Девет месеци неспособните доктори во болница ме стигматизираа како зависничка додека имав акутни болки и сето тоа така додека не запознав еден емпатичен и мудар доктор“, напиша Кортни.

„Сега сум одлично. Земам масла поради кои немам болки. Секогаш бев против канабисот бидејќи не ми се допаѓаше чувството, како да сум на наркотици. Тука не се работи за тоа, туку за помош од природата“, додаде таа.

Таа нагласи дека сега е многу подобро откако буквално била закована во креветот, дека повторно оди и се движи иако е многу кревка, а се надева и дека наскоро тоа ќе се промени.