На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.