Денеска се официјализира тоа што се навестуваше во изминатите денови, Александар Васовски е назначен за нов тренер на Академија Пандев.

Васовски се договори за 18-месечна со „пандевци“ и ќе биде трет тренер на екипата оваа сезона по Алексанадр Таневски и Југослав тренчовски кој си замина по одигрување на последното коло од есенскиот дел од првата фудбалска лига.

Васовски изминатите шест години седеше на клупата на Вардар, на почеток беше помошен тренер, а како главен стратег на „црвено-црните“ минатата сезона ја освои титулата иако најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија има огромни финансиски проблеми.