Еурофарм Пелистер го загуби клучниот меч од Мотор Запорожје со 25:27 и не успеа да ја мине групата во Европската лига на ЕХФ. Тренерот Ларс Валтер не го криеше разочарување од играта и од резултатот.
„Сакам да му честитам на противникот за победата и за пласманот. Би сакала да се заблагодарам и на навивачите за одличната атмосфера, за жал, ги разочаравме. И јас сум тажен и разочаран од конечниот епилог. Не реализиравме неколку одлични можности, а противникот остана смирен и нѐ казни“, изјави Ларс Валтер.
Пикерот Жарко Пешевски истакна дека ракометарите сега мора да се фокусираат на титулата во домашниот шампионат.
„Направивме многу технички грешки, а ова беше решавачки меч и не смеевме тоа да си го дозволиме. Имавме голем мотив, но пропуштивме многу шанси. Сега треба брзо да се освестиме и со мирни глави да ги пречекаме следните предизвици“, изјави Пешевски./Makfax/