Вакцините од „Фајзер“ се покажаа како делотворни и против клучните мутации во новите, високопреносливи варијанти на коронавирусот откриени во Велика Британија и Јужна Африка.

Ова го тврди самата американска компанија, чие истражување покажало дека вакцината е ефективна во неутрализирањето на вирусот со таканаречената мутација N501Y, која се смета за попренослива од оригиналниот вирус, но не и за поопасна.

Досега ја тестиравме вакцината против 16 различни мутации и ниедна од нив немаше никакво значително влијание. Тоа е добра вест, но не значи дека така ќе биде и со 17. мутација, изјави Фил Дормицер, еден од врвните научници за вакцини на „Фајзер“.

Според него, загриженост предизвикала и една мутација откриена во јужноафриканската варијанта на коронавирусот. Тој вели дека вакцината на „Фајзер“ ќе се тестира и на други мутации пронајдени во британскиот и јужноафриканскиот сој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.