Лицата кои примиле две дози на вакцината и развиле имунолошки одговор нема да се разболат во контакт со коронавирусот, но можат да го пренесуваат вирусот, изјави денеска епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија доктор Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа вели дека поради тоа е важно да се носи маска дури и по вакцинирањето, со цел да се заштитат другите.

Лицето кое е вакцинирано и има антитела, во контакт со коронавирусот, нема да се разболе или нема да има клинички манифестирана форма на болеста. Сигурно е дека тој ќе го носи вирусот во респираторниот тракт, носот, устата некое време по инфекцијата. Тоа лице нема да се разболе, но може да го пренесе вирусот. Носење маски поради околината и тоа како има смисла, изјави Кисиќ Тепавчевиќ за ТВ К1.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.