Македонија денеска го одигра последниот натпревар од првиот настап на ЕУРО.

Холандија успеа да слави со 3:0, Џорџино Вајналдум постигна два гола и беше одличен на натпреварот.

По натпреварот Вајналдум изјави дека, победата против Македонија беше лесна и дека допрва ги чекаат тешки предизвици.

“Мора да работиме повеќе и да бидеме пофокусирани како на претходните натпревари.

 Се виде дека денеска немавме проблеми против Македонија, имаш и такви соиграчи кои помалку трчаа, но на следните натпревари ќе биде поинаку. Ова беше лесна победа, но допрва не очекуваат големите предизвици”, изјави Вајналдум.