Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска им се извини на граѓаните за трагичната несреќа за време на Ноќта на вештерките во Сеул, во која загинаа 156 лица.
Британските медиуми наведуваат дека претседателот Јун вети дека на одговорност ќе бидат повикани сите функционери за кои ќе се утврди дека се виновни за трагедијата.
„Жал ми е и им се извинувам на ужалените семејства кои се погодени од оваа неискажлива трагедија и на луѓето кои ја споделуваат нивната болка и тага“, рече Јун.