Во Јужна Кореја се забрануваат приватните собири на повеќе од четири лица во целата земја, а во Сеул се воведуваат правила за социјална дистанца.
Новите мерки се поради тоа што за четири дена регистрирани се над 1.000 нови слулаи на Ковид-19.
Во Јужна Кореја вчера се пријавени 1.020 новозаболени со што вкупниот број се искачи на 64.264 луѓе, а 981 човек починале од последици од новиот коронавирус.
Мерките за социјална дистанца во Сеул влучуваат и затворање на црквите, рестораните, кафулината и скијачките центри.