Во светот од коронавирус починале 2.839.051 лица, а повеќе од 130.168.360 се заразени, пренесува агенцијата Франс прес во извештајот собран до денеска напладне.

Во споредба со вчера, евидентирани се уште 10.140 смртни случаи и 625.046 случаи на инфекција. Најголем број на смртни случаи претходниот ден е забележан во Бразил со 2.922 нови смртни случаи, САД (895) и Индија (714).

САД е најтешко погодена земја со 554.103 смртни случаи и 30.609.693 случаи на инфекција, според Универзитетот Џон Хопкинс.

После САД, најтешко погодена земја е Бразил со 328.206 смртни случаи и 12.910.082 случаи на зараза, Мексико со 203.854 смртни случаи (2.247.357 заразени), Индија со 164.110 смртни случаи (12.392.260 инфицирани) и Велика Британија со 126.816 смртни случаи (4.353.668 заразени).

Европа има 965.895 смртни случаи и 44.397.943 заразени, Латинска Америка и Карибите 792.351 смртни случаи (25.107.991 заразени), САД и Канада имаат 577.110 смртни случаи (31.598.947 заразени), Азија 274.448 смртни случаи (18.175.795 заразени), Блиски исток 114.899 смртни случаи (6.596.424 инфицирани) , Африка 113.351 смртни случаи (4.253.208 заразени) и Океанија 997 смртни случаи (38.054 заразени).

Франс Прес секојдневно прави дневен биланс заснован на државни податоци од земји ширум светот и информации од Светската здравствена организација.