Денеска, на 20-иот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади рано утринава, соопштија украинските служби за итни случаи.

Приватна куќа во Осокорски – област источно од центарот на градот – е погодена од гранатирање утрово непосредно пред 6 часот по локално време. Во двокатницата избувнал пожар, но набрзо бил изгаснат.

Набргу по ова гранатирање, погодена е десеткатница во Подил северно од центарот на градот, при што пожар зафатил пет ката од зградата.

Во меѓувреме, градската управа на Киев состави список на згради кои во текот на ноќта беа погодени во главниот град на Украина.

„За жал, мораме да кажеме дека бројот на жртвите е поголем. Урнатините се уште се расчистуваат, а до 8:30 часот утринава имаме 19 загинати и деветмина повредени“, изјави началникот на воената управа во Ривне, Виталиј Ковал.

Според него, бројката се уште не е конечна. Сепак, тој очекува за неколку часа да се расчистат остатоците од урнатините.

Вчера наутро два руски проектили ја погодија ТВ-кулата и административната зграда во близина на Ривне.