По завршувањето на тридневната жалост утре се очекува да продолжат политичките активности. Алтернатива потврди дека ќе одржи состанок на извршното раководство на кое ќе се разговара за евентуално влегување во Владата или останување во опозиција. Како што информираат од партијата, конечната одлука не се очекува утре.

„Утре ќе разговараме дали да ја прифатиме поканата за почеток на преговори. Потоа, Централното собрание на Алтернатива треба да донесе конечна одлука дали ќе станеме или не дел од парламентарното мнозинство“, соопштуваат од Алтернатива.

Активности се најавени и во СДСМ кои исто така беа одложени поради трагедијата во Бугарија. СДСМ утре доцна попладне ќе го свика централното раководство на кое се очекува да биде финализирана оставката на Заев на лидерската позиција. Доколку тоа се случи утре, партиските органи во рок од 15 дена мора да распишат избори за нов претседател.