Во вторник – 8 ноември, ќе можете да видите спектакуларна глетка на небото – целосно затемнување на Месечината.
Затемнувањето ќе биде видливо во северна и источна Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, над Тихиот и Атлантскиот Океан, над Индискиот Океан и над Антарктикот, се вели на страницата Time and Date.
NBC News известува дека следното затемнување, познато како крвава месечина, нема да биде до 13-14 март 2025 година (во зависност од тоа каде сте).
Затемнувањето на небесните тела се случуваат кога еден објект затскрива друг. Во случај на целосно затемнување на Месечината, Земјата зазема позиција помеѓу Сонцето и Месечината.