Ангела Меркел важи за една од најмоќните жени во светот. Додека беше канцеларка на Германија, нејзините сонародници со љубов ја нарекуваа „мама“, а откако отиде во „политичка пензија“ успева малку да се опушти, а нејзиниот живот, повеќе од кога било, станува се поинтересен за јавноста. .

Сега таа може да поминува повеќе време со нејзиниот сопруг Јоаким Зауер и да посетува места кои понекогаш ги заобиколувала поради нејзината позиција и углед.

Она што е интересно е што нејзиниот сопруг не сака да се експонира, па избегнувал да се појавува со неа во јавност. Како што е познато, тој не бил ниту на нејзината инаугурација, а пишува дека само накратко ја следел оваа церемонија од својата универзитетска лабораторија, бидејќи Јоаким е професор по квантна физика на Универзитетот во Берлин.

Зауер има два сина од првиот брак Даниел и Адријан, а по пропаѓањето на таа љубов се оженил со Ангела Меркел во 1998 година. Во медиумите се појави информација дека двајцата живеат во изнајмен стан во Германија.

Да потсетиме, и поранешната германска канцеларка има брак зад себе, па го задржа презимето – Меркел од бившиот сопруг.