Борбата за шампион со години не е поинтересна бидејќи Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона се борат за титулата.

Атлетико освои само еден бод синоќа против Бетис, но сепак е прв со 67 поени. Сепак, сега второпласираниот Реал има само еден бод помалку, а Барселона два бода помалку од лидерот на табелата.

До крајот на сезоната остануваат уште осум кола во шпанската Ла Лига, а нè очекува интересен распоред до самиот крај.

Поради густиот распоред, ќе се играат прво натпреварите од 33.коло следниот викенд, а потоа останатите кола се на распоредот.

Распоред на Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид до крајот на шампионатот:

33 коло: Атлетико Мадрид – Еибар (18 април), Хетафе – Реал Мадрид (18 април), Барселона – Гранада (28 април).
31 коло: Кадиз – Реал Мадрид (21 април), Атлетико Мадрид – Уеска (22 април), Барселона – Хетафе (22 април).
32 коло: Реал Мадрид – Бетис (24 април), Виљареал – Барселона (25 април), Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид (25 април).
34 коло: Елче – Атлетико Мадрид (1 мај), Реал Мадрид – Осасуна (1 мај), Валенсија – Барселона (1 мај).
35 коло: Барселона – Атлетико Мадрид (9 мај), Реал Мадрид – Севилја (9 мај)
36 коло: Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад (12 мај), Гранада – Реал Мадрид (12 мај), Леванте – Барселона (12 мај).
37 коло: Атлетик Билбао – Реал Мадрид (16 мај), Атлетико Мадрид – Осасуна (16 мај), Барселона – Селта Виго (16 мај).
38 коло: Еибар – Барселона (23.05.), Реал Мадрид – Виlarареал (23.05.), Ваљадолид – Атлетико Мадрид (23.05.)