Арсенал сака значително да се засили за следната сезона.

Артилеристите тргнаа во „остар“ шопинг. Првата желба на Микел Артета беше Рјад Махрез, напаѓач на Манчестер Сити, но одговорот брзо пристигна.

Махрез одговори дека не сака да се приклучи на Арсенал и дека ова во моментов не е клуб што би ги задоволил неговите апетити.

Алжирецот беше блиску до приклучување кон Арсенал во 2016 година, но и тогаш преговорите пропаднаа во последната фаза.

Топџиите сакаат да донесат една sвезда во тимот, прашање е како ќе го сторат тоа бидејќи нема да бидат во Европа следната сезона. Силната понуда на пари е единствениот спас.

Артета ќе предложи повеќе желби, останатото е на управата на клубот.

Возбудливо лето дефинитивно не чека и во Лондон.