Налетите од 160 километри на час и поројни дождови ги зафатија Бермудите рано во петокот, оставајќи илјадници луѓе без струја додека ураганот Фиона, моќна бура од трета категорија, помина покрај островот во Атлантикот. Во текот на ноќта, неколку области пријавиле прекин на електричната енергија, при што беа погодени повеќе од 7.000 луѓе.

Во четвртокот, со предупредувањата за урагани и бура проследена со постојан ветер од повеќе од 200 километри на час, жителите на Бермуда ја поминаа ноќта во страв.

„Оваа бура ќе биде полоша од минатата“, изјави за АФП Ричард Хартли, сопственик на продавница во главниот град Хамилтон додека тој и неговата сопруга ги покриваа излозите на продавницата обложени со плочи.

Островот со околу 64.000 луѓе не е непознат за ураганите – но тој е исто така мал, само 54 квадратни километри и едно од најоддалечените места во светот, 1.030 километри од најблискиот сосед, Соединетите држави.

Тоа значи дека нема каде да се евакуирате кога ќе зафати големо невреме.

„Морате да живеете со тој податок, затоа што живеете овде, не можете да бегате никаде бидејќи тоа е само мал остров“, рече ЏоАн Скот, работничка во продавница во Хамилтон./voa.mk/