Неверојатниот украински борец во одбрана на Украина од руската инвазија на 24 февруари, кучето Патрон, душкач на мини и експлозиви, на кое му беше врачен медал за посветени услуги од украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега добива анимирана серија – „ Кучето Патрон“, проект кој се спроведува со поддршка на УСАИД и во партнерство со УНИЦЕФ.

Во првата епизодата „Уништениот мост“, кучето Патрон му кажува на својот пријател, мачорот Том за неговиот ден на работа откако добил сигнал за урнат мост и со носот ја почуствувал опасноста, и како потоа се справил со неа.

Познатото украинско куче, од расата Џек Расел, кое стана светски познато преку социјалните мрежи, е душкач на мини и е заслужен за откривање на повеќе од 200 експлозиви и проектилите, кои биле поставени од руските војници откако ги напуштиле украинските градови што ги окупирале, како и за спречување на нивното детонирање.

Покрај неговата главна работа да душка, и секојдневната тесна соработка со деминерите за да ги направи украинските градови повторно безбедни. Патрон учествува во добротворна работа за пошироката заедница и може да се види како ги поздравува и расположува хоспитализираните деца во детската болница Охматдит во Кијив.

Подготви: Д. Мишев