5.840 војници, 30 авиони, 31 хеликоптер, 210 тенкови, 862 оклопни возила, 85 артилериски системи и 9 противвоздушни системи се загубите на руската војска според официјалните украински власти.

Од руска страна пак соопштија дека досега погодиле, оштетиле или уништиле 1.146 украински воени објекти.

„Покрај тоа, уништени се 311 тенкови и други оклопни борбени возила, 42 авиони и хеликоптери (вклучително и на земја), 51 повеќецевни ракетен систем, 147 парчиња пешадиска артилерија и минофрлачи, 263 единици специјални воени возила“, додаде Игор Конашенков, портпарол на руското министерство за одбрана.