Доналд Трамп гласно исвиркан на Либертаријанската национална конвенција

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше гласно и постојано исвиркан во текот на неговиот говор во саботата на националната конвенција на Либертаријанската партија, особено кога ги замоли присутните „да го номинираат или барем да гласаат за него“, пренесува Си-Ен-Ен.

Исвиркањето започна во моментот кога поранешниот претседател излезе на сцената, а некои од неговите поддржувачи во просторијата се обидоа да ги задушат свирежите со извици „Го сакаме Трамп“.

Фото/ CNN/AP

„Сега мислам дека треба да ме номинирате или барем да гласате за мене, и заедно да победиме. Бидејќи Либертаријанците сакаат да гласаат за мене… и тоа е многу важно затоа што мораме да се ослободиме од најлошиот претседател во историјата“, рече Трамп

Трамп ја напушти сцената по 34 минути, одбележувајќи го еден од неговите најкратки предизборни говори до сега. Либертаријанската партија се очекува да го избере својот претседателски кандидат в недела.

Застанувањето на Трамп на либертаријанската конвенција е означена како  неконвенционална за наводен републикански кандидат, но тоа е илустрација на засилената загриженост на неговата кампања за кандидатите од трети страни.

Н. Абдурахмани