Големиот Џејк, коњ стар 20 години и воедно највисокиот коњ во светот, угина на фарма во Висконсин.

Коњот бил тежок 1.136 килограми.

Гинисовата книга на светски рекорди во 2010 година го потврди како највисок коњ на светот. Неговиот сопственик, Џери Џилберт изјавил дека Големиот Џејк бил супер ѕвезда и навистина величенствено животно.

Кога се родил, коњот имал 109 килограми, што е 45 килограми повеќе од просечно ждребе.