Лука Модриќ е како вино.

Хрватскиот репрезентативец е брилијантен, а навивачите на хрватската репрезентација се особено среќни за тоа.

Модриќ донесе победа против Шкотска на „Хампден парк“, а сега Ватрените играат со Шпанија.

Тие се надеваат на нова мајсторија со волшебникот кој го носи дресот на Реал.

Хрватскиот фудбалски сојуз на својата Фејсбук страница објави видео од тренингот и одличен погодок на Модриќ.

Тој погоди перфектно, а голманот немаше шанса да го одбрани ударот.

Хрватска денеска од 18 часот против Шпанија го игра натпреварот од осминафиналето на Европското првенство.

Франција и Швајцарија ќе играат денес од 21 часот.