Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ го растажи целиот Балкан, неговото семејство, пријателите, колегите, обожавателите кои се надеваа дека ќе се опорави кога пред неколку дена беше примен на Инфективната клиника во Белград на лекување од пневмонија.

Освен со емотивните стихови, неговиот живот беше обележан и со најголемат љубов во неговиот живот – сопругата Оливера.

Нивната љубовна приказна многумина ја опишаа како „филмска“. Таа беше неговата вечна инспирација во создавањето на најубавите љубовни песни со кои растеа генерации и генерации.

Тие се запознале кон крајот на седумдесеттите години во Нови Сад, додека Оливера сè уште била студентка, а Ѓорѓе зад себе веќе имал два албуми со групите „Жетва“ и „Рани мраз“.

Од нивната прва средба, тие не се разделиле повеќе од неколку дена. Оливера во тоа време се занимавала со спорт и била член на југословенскиот тим за гимнастика. Требало да оди на Олимписките игри во Москва во 1980 година, но тоа не се случило поради уште поубав настан – нејзината бременост.

Во една прилика го гледавме заедно натпреварот Хајдук – Хамбург. Одеднаш, Оливера ја стави раката преку моето рамо и рече дека Златко Вујовиќ е опасен фудбалер. Тогаш си помислив дека ја најдов вистинската личност, пријател кој се разбира и во други работи. Се женам со неа веднаш – тоа е тоа“, еднаш изјави легендарниот уметник.

Таа целосно го „маѓепсала“ музичарот, па тој уште тогаш започна да и пишува и посветува песни. Така е создадена „Провинцијалка“ во која Ѓорѓе опишува како се вљубил во една девојка од Зрењанин. Иако бил бунтовник, тој брзо сфатил дека Оливера е сè она за кое отсекогаш сонувал.

Во 1980 година им се роди нивната прва ќерка Јована. Следната година, во 1981 година, се венчаа со скромна церемонија. За тоа сведочи фотографијата од нивната венчавка, од почетоците на љубовта која траеше со децении. Освен Јована, тие ги добија и ќерката Јелана и синот Алекс.

Оливера беше неговата најголема инспирација и поддршка. Своите најубви песни и целиот албум „Дневник старог момка“ ги посвети на својата сакана сопруга, а кога ќе ги прочитате првите букви од името на песните, ќе ја добиете реченицата „Оља је најбоља“.

Тие заедно поминаа низ многу подеми и падови, ги споделија најубавите моменти од животот, но и големи битки. Но, за жал, ја изгубија оваа…