Поранешниот македонски премиер, а сега политичар, Љубчо Георгиевски се огласи по повод нападите, но и петицијата пејачот Васил Гарванлиев да не ја претставува Северна Македонија на Евровизија.

-Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ, напиша Љубчо Георгиевски.

Инаку, Гарванлиев во изминатите неколку денови трпи големи критики од македонската јавност откако во едно интервју, снимено пред една година, призна дека имал бугарски пасош. Како што вели тој во тоа видео, преку неговата баба, тој и семејството уште пред 20 години станале и бугарски државјани, односно добиле бугарси пасош. Поради ова тој е мета на критики, а дури и има петиција на социјалните мрежи тој да не ја претставува Северна Македонија на Евровизија.

Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ.

Posted by Ljubco Georgievski on Tuesday, 16 March 2021