Припадниците на полицијата на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла го уапсиле 75-годишниот наставник по гитара од Тузла П.С.

„Обвинителот му предложи на Општинскиот суд во Тузла на Станковиќ да му се изрече едномесечен притвор. Тој е осомничен за продолженото кривично дело блуд и продолженото кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата“, изјави на прес-конференција во Тузла Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството.

Тој додаде дека не може да објави детали за овој случај, со оглед на тоа што двете оштетени лица биле малолетници во моментот на извршување на овие кривични дела.

„Извештајот го добивме на крајот на ноември и заедно со МУП презедовме низа истражни дејствија, го отворивме овој случај, а потоа беа извршени претреси на две локации – во Тузла и Лукавац, односно станот и викендицата што се користат од осомничениот“, рече Арнаутовиќ.

Според него, при претресот биле пронајдени одредени предмети како мобилни телефони и информатичка опрема кои ќе се вештачат.

Арнаутовиќ нагласи дека истрагата против осомничениот професор по гитара ќе продолжи, за да се утврди дали имало и други жртви на неговото сексуално злоставување.