Германскиот фудбалер од курдско потекло, Дениз Наки (31) е уапсен поради сомневање дека бил предводник на криминална организација во Ахен.

Германската сојузна полиција се сомнева дека криминалната група на Наки била вмешана во изнудување на пари како и во трговија со дрога за да ја финансира сепаратистичката курдска политичка партија во Турција, ПКК.

Дениз Наки е Германец со курдско потекло и во професионалната кариера има настапувано за екипите на Санкт Паули и Падерборн, по што се сели во турскиот шампионат каде игра за Амеда.

Токму во Турција поради поддршка на сепаратистичката Курдска политичка партија ПКК во бегство е осуден на три години затвор, додека фудбалската федерација на Турција пред неколку години му изрече доживотна забрана за играње фудбал во оваа држава.