Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во Виена.

Наводно, австрискиот премиер Себастијан Курц не му одговорил на неговиот повик за онлајн разговор, па малолетникот се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши напад на виенската катердала, која се наоѓа во центарот на градот.

Откако е утврден идентитетот на лицето, полицијата веднаш спровела апсење преку своите специјални единици.

Младото момче досега не бил познат за полицијата, а се испитува целокупниот случај и евентуална поврзаност со други лица.

После апсењето, 15-годишникот рекол дека нема намера да ги спроведе во дело своите закани, и дека наводно сакал само да се пошегува. Кажал дека не бил свесен за последиците од неговото делување.

Сега се наоѓа во истражен затвор.