Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го дозна распоредот на натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство, што беше утврден со жрепка од страна на УЕФА.

Македонската репрезентација е во група со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија, а избраниците на селекторот Благоја Милевски квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција, на 2 септември.

Распоред на натпревари на македонската репрезентација:

02.09.2021 Франција – Северна Македонија

07.09.2021 Северна Македонија – Србија

07.10.2021 Фарски острови – Северна Македонија

12.10.2021 Еремнија – Северна Македонија

11.11.2021 Северна Македонија – Украина

16.11.2021 Северна  Македонија – Франција

24.03.2021 Србија –  Северна Македонија

29.03.2022  Северна Македонија – Фарски острови

01.06.2022  Северна Македонија – Ерменија

07.06.2022 Украина – Северна Македонија

loading…