Во „Spase Jam 2“, кој би требало да излезе на 16 јули, нема да имаме прилика да го гледаме познатиот француски твор Пепе ле Пју, поради тврдењата дека тој цртан лик ја „нормализира културата на силувањето“.

Имено, анимираниот твор од Франција, кој глумеше во првиот дел, требаше да се појави во новиот филм во една сцена со актерката Грис Санто, која е снимена уште во 2019 година. Сепак, до тоа сигурно нема да дојде, затоа што колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Чарлс М. Блоу тврди дека неговиот лик ја „нормализира културата на силувањето“, пишува „Deadline“.

Тој на Твитер изнесе неколку работи поради кои творот Пепе повеќе не е пожелен лик.

Познатиот цртан лик во сцената наводно се обидува да ја бакне Грис во раката, но наместо тоа добива шлаканица и е полиен со пијалок, па токму затоа тој ќе биде изоставен од новиот дел.

Леброн Џејмс, кој ја игра главната улога, му вели на творот Пепе дека не смее да ги допира другите луѓе без нивна согласност.

Меѓутоа тоа не е сè. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, одлучено е и на зајачицата Лоли, која исто така глуми во првиот дел, да и бидат намалени градите, а причината за таквата одлука е потребата да не изгледа провокативно.

Дека сето ова е вистина, сведочи и фотографијата од постерот за филмот „Space Jam 2“.

Во следното видео поглeднете како изгледаше Лола во првиот дел на „Space Jam“ со Мајкл Џордан во главната улога.