реклама

Турската актерка Џансу Дере конечно се огласи откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди земјата пред повеќе од еден месец.

Иако претходно се појави видео од нејзиното помагање на жртвите по земјотресот, сепак многумина беа загрижени бидејќи таа не објави ништо на социјалните мрежи.

реклама

Таа сега за Си-Ен-Ен Турк изјави дека некое време не била во јавност бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.

“Немав намера никого да загрижувам. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти”, изјави ѕвездата на турската серија Езел.

реклама

43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.

Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ во 2004 година, а следната година глумеше во три серии „Аланкакаранлик“, „Аврупа Јакаси“ и „Гуз Јангани“. Две години подоцна ја доби главната улога во хит серијата Сила со која се прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Infiel и светскиот хит Сулејман Величансвени.

реклама