Туризмот е пред колапс. И оваа година очекувањата од секторот се дека турстичката сезона ќе биде катастрофална како и во 2020. Покрај хотелиерите и останатите дејности од овој сектор со апел за дополнителни мерки за спас на туризмот. Туристичките агенции пак велат дека нема континурирана помош, грантовите кои ги дала државата не ги покриваат ниту дел од загубите кои ги имале претходната година.
„Нашите барање се да има континуитет во помошта и со плати и со субвенционирање со финансиска помош за опстојување и ликвидност на овој сектор. И за во земјата и за во странство жал како што ја гледаме состојбата не сме позитивни и не се очекува дека во блиска иднина нештата ќе се подобрат“, изјави Ана Марија Алексова- Туристички агенции.
– Advertisement –
Од Министреството за економија тврдат дека ја следат состојбата, но засега остануваат само на мерките кои се предложени од Владата.Оваа година нема да се делат ваучери за туризам како во претходната година кога по 6.000 денари добија сите граѓани кои имаа приходи до 15.000 денари. Засега се најавува дека „ваучери“ ќе добијат граѓаните со ниски примања односно ќе се врати оваа мерката која се реализираше во 2018 и 2019 година, пред кризата. Работниците со ниски примања ќе аплицираат сами, со можност да добијат 12 илјади денари за одмор. Но за разлика од 2018 година сега ќе се даваат двојно помалку пари отколку претходните години.
„Оваа година согласно буџетот на Mинистерството за економија одлучивме да одиме со 15 милиони денари како што кажавте за првиот дел од годината, секако до крајот на годината ако се искористат средствата ќе најдеме други можности и во склоп на министрството за екомомија но зошто да не и со ребаланс да ги надополните средствата“, рече Крешник Бектеши- Министер за економија.
Според податоците на Државниот завод за статисика, во 2020 бројот на домашни и странски туристи се намалил за 60,5 отсто. Девизниот прилив по основ на туризам се намалил за 36,3 осто или речиси 150 милиони долари помалку пари споредено со 2019 година кога изнесуваше 395 милиони долари.
Андреа Чобанова