Корисниците на Reddit започнаа дискусија за светските дестинации што ги посетиле и ги издвоија оние на кои никогаш не би се вратиле.
Повод за дискусија беа незадоволните туристи кои ги искажуваа своите мислења (понекогаш, според некои, навредливи) за некои земји.
Порталот Indy100 ги избра најдобрите коментари и направи листа според категории.
Еден корисник на Редит напиша дека не му се допаѓаат Бахамите.
„Прекрасно место, но лоша атмосфера. Локалните жители се однесуваат како да не ги сакаат туристите и мразат да се занимаваат со нив“, објасни тој.
Од земјите кои корисниците на Редит ги издвоија како „оние со лош однос кон туристите“, покрај Бахамите, на листата се најдоа: Албанија, Малезија, Мавританија, Соломонските Острови, Тајланд и Виетнам.
Во дискусијата, Белизе, мала централноамериканска земја на брегот на Карипското Море, и Мексико постојано беа споменувани како земји каде што има многу питачи.
Како „досадни земји“, корисниците на Reddit ги издвоија: Финска, Франција, Луксембург и Словачка.
На списокот се најде и Хрватска, која беше опишана како „опасна земја“ заедно со Хондурас, Сомалија и Венецуела.
„Немам ништо против Хрватите, Хрватска е прекрасна земја, но има екстремни националисти и едноставно не сакам повторно да одам таму. Некои момци им се закануваа на моите родители“, е еден од коментарите за Хрватска на Редит.
Тие ги издвоија и земјите кои ги сметаат за „валкани“, а тоа се: Куба, Русија, Индија, Индонезија и Филипините.
Некои сметаат дека Данска, Норвешка и Словенија се „прескапи земји“ за повторна посета.
Други корисници на Редит напишаа дека Јапонија и Јужна Кореја се „чудни земји“ за нив, а Хаити, Јамајка и Парагвај се „премногу сиромашни“.
На списокот ги вклучија и САД, за кои некои пишуваат дека е „расистичка“ и Канада, која е „многу студена“.
Која земја никогаш не би ја посетиле или не би зажалиле што сте ја посетиле?