Томас Тухел сака да ги засили редовите на новиот шампион со четири играчи. Се бараат засилувања на позициите напаѓач, стопер, играч за врска и крило.

Како резултат на доведување нови играчи, дури 11 фудбалери од сегашниот тим ќе мора да ги спакуват куферите, пишува „Дејли меил“.

Сигурно ќе си заминат Фикајо Томори, Оливие Жиру, Тами Абрахам и Рос Баркли, додека се споменува и името на Кристијан Пулишиќ, што на некој начин е изненадување.

Били Гилмур и Конор Галагер се исто така играчи меѓу кои нема да има место, тие би можеле да одат на нова позајмица затоа што Тухел сака да внимава на нив.

Рубен Лофтус-Чик, Давиде Запакоста, Емерсон и Тиемуе Бакајоко се исто така меѓу играчите кои ќе треба да бараат нов клуб во текот на летото.

Патем, сопственикот на клубот Роман Абрамович е многу задоволен од работата на Тухел и сега сака да го награди со богат договор, кој треба да биде потпишан следната недела.

Германецот пристигна на почетокот на 2021 година како замена за Френк Лампард, и за неколку месеци го подигна Челзи на повисоко ниво, го обезбеди трофејот во Лигата на шампионите и го направи тимот еден од најдобрите на Стариот континент.

“Не сум 100 процентен сигурен, но мислам дека ќе добијам нов договор. Сопственикот ми спомна нешто, но морам да проверам”, рече Тухел.

Неговиот сегашен договор со Челзи важи до летото 2022 година, но Абрамовиќ сака таа соработка да трае уште неколку сезони.

Пред Челзи, Тухел го водеше ПСЖ со кого играше во финалето на Лигата на шампионите против Баерн, но доби отказ откако јавно се пожали на управата на францускиот клуб. Пред тоа, тој работеше во Борусија Дортмунд, со кој го освои Купот на Германија, а работеше и во Мајнц.