На Масимилијано Алегри сериозно му се „тресе“ клупата во Јувентус. После слабиот старт на клубот, и најслабиот почеток во ЛШ во историјата, Алегри ќе има тешка задача да го врати тимот на победничките и на шампионските патеки.
Според италијанските медиуми, на Алегри ќе му биде дадена уште една шанса да го „оживее“ тимот, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се тргне по нов тренер.
Три имиња во моментов се споменуваат како негова замена. Прв „пик“ е Томас Тухел, германскиот тренер кој рпед неколку дена доби отказ од Челси. Сепак, тоа е најскапата варијанта, па можно е Јувентус да се сврти кон поевтина, со оглед дека ќе треба да му исплати добра отштета на Алегри за предвремен раскин на договорот.
Втор „пик“ е поранешниот играч на Јувентус, Игор Тудор. Актуелниот тренер на Олимпик Марсеј има договор со тимот од Франција, но евентуален повик од Јувентус не би бил одбиен. Факт е дека Јувентус е омилен клуб на Тудор, и дека би можел веднаш да го превзеде кормилото.
Трет избор е Паоло Монтеро, екс играчот на Јувентус кој во моментов го води младинскиот тим на Јувентус. Се споменуваше и Роберто Де Зерби, но тој ја прифати понудата на Брајтон.
Извор: ekipa