
Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво интервју од летото 2020 година, за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш“ ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули.
Партијата „Има таков народ“, според Трифонов, влегла во политиката поради референдумот и особено, за неисполнетите барања на бугарските граѓани. Сепак, тој избегна директен одговор на прашањето со кои партии е можно да се формира коалиција во новото Национално собрание, велејќи дека тоа ќе стане јасно по 11 јули.