Како што е наведено, првата жена (39), за која се верува дека била медицинска сестра и која синоќа околу 19,45 часот била пронајдена во тешка состојба на паркингот на Универзитетската болница Кросхаус, починала на самото место, и покрај медицинската интервенција, јави Гардијан.

Само 20 минути подоцна, друга жена (24), била прободена со нож во градот Ејршајр и однесена во болницата Кросхаус, каде подоцна починала.

Набргу потоа, еден човек, управувајќи автомобил, загина откако удри во надвозник во близина на автопатот.

Полицијата верува дека инцидентите се поврзани и немаат никаква врска со тероризмот.

Шефот на шкотската полиција Фарок Хусеин изјави дека неколку места се блокирани додека полицијата го истражува случајот.

-Работиме да утврдиме што точно се случило. Ако некој има информации, нека ни каже. Луѓето се шокирани од она што се случи. Сè уште сме во процес на утврдување на фактите. Сакам да кажам дека сега нема опасност по заедницата. Поставивме патроли низ градот и секој што е загрижен од одредена причина може да контактира со полицијата, рече Хусеин.