Потребни биле 10.033 мегаватчаса, но ЕСМ од своеото производство успеало да покрие само 6.873. Останатите 3.160 мегаватчаса електрична енергија биле купени по просечна цена од околу 250 евра, или само вчера за увоз на струја потрошени биле речиси 800.000 евра.

ЕСМ планира увоз и за следната недела. Според огласот, од 21 ноември до 27 ноември бараат 32.060 мегаватчаса. Доколку биде купена по истата цена како и неделава, тоа ќе значи одлив уште на 8 милиони евра.

Падот на производството најмногу се должи на исклучувањето на Блок 1 од РЕК Битола поради ремонт.

Од ЕСМ соопштија дека денеска и утре се отстрануваат пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката и очекувањата се дека од понедленик тој ќе биде вклучен во мрежата. До крајот на неделата се најавува вклучување и на РЕК Соломеј, а следната недела и ТЕЦ Неготино и Блок 3 на РЕК Битола, со што ќе бидат ставени во функција сите електрани во системот, соопштија од ЕСМ.