Главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино има позитивен тест на коронавирус.

Четириесет и осумгодишниот фудбалски стручњак е изолиран и ќе го следи медицинскиот протокол.

ПСЖ на утрешниот натпревар против Анжи ќе го водат неговите помошници Хесус Перез и Мигел Д’Агостино. (МИА)