Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман е хоспитализиран во Истанбул со пневмонија, потврди турскиот клуб, кој додаде дека тој ќе остане на болничко лекување.
Еден од најискусните турски тренери, имал симптоми за време на мечевите од Евролигата против Реал Мадрид и Партизан, но решил да остане на клупата и покрај советот на лекарите, но сега сигурно ги пропушта мечевите во домашниот шампионат, но и на клучниот меч против Алба Берлин во Евролигата.
„Нашиот тренер Ергин Атаман на почетокот на неделата доби инфекција на дишните патишта, по што земаше лекарства за да го води тимот против Реал Мадрид и Партизан. По тестовите во петокот, поради влошените симптоми, тој доби и запаление на белите дробови и ќе продолжи со болничко лекување“, се вели во соопштението на актуелниот шампион во Евролигата./Makfax/